Германија: Големо обезбедување за изборите

22.09.2017 11:48

Според најнова анкета на телевизијата Це-Де-Еф конзервативниот блок на Ангела Меркел ќе добие 36 отсто гласови на изборите, германската СДП 21,5 отсто, Алтернатива за Германија – 11 отсто

Над 1.500 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во Берлин в недела за време на парламентарните избори и годишниот маратон кој ќе ја попречи пристапноста до гласачките места.

Според најнова анкета на телевизијата Це-Де-Еф конзервативниот блок на Ангела Меркел ќе добие 36 отсто гласови на изборите, германската СДП 21,5 отсто, Алтернатива за Германија – 11 отсто. Слободните демократи ќе добијат 10 отсто, Левите 8,5 отсто и Зелените осум отсто.