Велосипедско дефиле низ Скопје за Светскиот ден без автомобили
На Светскиот ден без автомобили, велосипедско дефиле низ улиците на главниот град. На велосипед и заменик- министерот за животна средина Макрадули и градоначалникот на Скопје, Трајановски. Некои од граѓаните велат- ретко користат велосипед, но се едногласни дека ни треба почиста животна средина...

Ако 364 дена патувате со автомобил, денеска е денот кога треба да почнете да ги менувате вашите навики. Бидете пример, за вашите пријатели, соседи, колеги, семејство и почнете со користење на велосипед- порака на Светскиот ден без автомобили.
Апел да се подигне свесноста за опасноста од прекумерното користење на возилата, кои се најголеми загадувачи.
Велосипедското дефиле почна од пред Порта „Македонија“, а заврши во градскиот парк со забавна програма. Имаше и лотарија на која беа доделени велосипеди.
Денот без автомобили во Скопје се одбележува од 2002-ра година. Големиот број велосипедисти нѐ потсетуваат дека не само денеска, 365 дена во годината треба да се грижиме за здрава животна средина.
Ана Јосифоска- Тодоровска
