Иран: Усовршување на ракетната програма

22.09.2017 14:52

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави засилување на ракетните капацитети без барање дозвола од некоја друга земја за таков чекор.

И покрај критиките од Соединетите Американски Држави и Франција, иранскиот претседател Хасан Рохани најави засилување на ракетните капацитети без барање дозвола од некоја друга земја за таков чекор.

Во говорот на годишнината од војната со Ирак од 1980 до 1988 година, Рохани изјави дека ќе се усовршуваат и воздухопловните, копнените и поморските сили.