Ќе се подготвува Национален оперативен план за брз и супер брз интернет

22.09.2017 15:04

Државата и операторите ќе изготвуваат Национален оперативен план за воведување на брз и супер брз интернет. Ќе се утврдува состојбата на терен, ќе се бараат решенија за спроведување на планот, бидејќи тоа е едно од препораките на ЕУ- вели министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски.

Потребен е развој на брзите и супербрзите електронски комуникациски мрежи за да се намали јазот меѓу урбаните и руралните делови. Надлежните на заедничка маса со операторите. Треба да се изработи Национален оперативен план за реално истражување и мапирање на теренот, за развој на мрежите, за поквалитетни  услуги.

Воведувањето на супербрзи електронски комуникациски мрежи е многу скапо. Оттука, операторите се фокусирани онаму каде што има економска исплатливост, односно во урбаните средини.

Според последните податоци од 2017-та година, во ЕУ, 76 проценти од домаќинтвата имаат покриеност со брзи пристапни мрежи од 30 мегабити. Во Македонија 30,28 проценти имаат покриеност со средна генерација на пристапни мрежи, a само 0,55 имаат пристап до супербрз интернет.

 

Наташа Јанчиќ