ЕУ бара конкретни предлози за Брегзит

22.09.2017 15:37

Брисел бара од лондон конкретни предлози за Брегзит. Преговарачот од Европската унија Мишел Барние тврди дека се во статус кво поради нејаснотиите околу многу главни прашања. Четвртиот круг преговори е закажан в понеделник...

Главниот европски преговарач за Брегзит Мишел Барние бара конректни предлози од Велика Британија за нејзиниот излез од Европската Унија. Потсети дека трите приоритети за ЕУ се н гаранција за правата на европските граѓани во Британија, финансиското решение и границата со Ирска.

„Неколку дена пред четвртиот круг на преговорите е постигнат напредок само во неколку точки. Се уште има нејаснотии во клучните теми. Во однос на условите за излез од блокот, како и преодниот период, уверен сум дека е можен брз одговор“, изјави Барние.

Премиерката Тереза Меј се обиде да ги обедини министрите коишто имаат разединети ставови околу нејзината стратегија за Брегзит. Оние кои ги водат најважните ресори во владата се согласни дека е потребен транзициски период откако ќе си заминат од европскиот блок.  За „разводот“, Меј планриа да му плати на Брисел 20 милијарди евра. Но проценките на ЕУ покажаа сума која се движи меѓу 60 и 100 милијарди евра. Нагласи дека е во план потпишување на трговски договор со САД.

„Треба да ги искористиме можностите коишто ќе произлезат од Брегзит. Некои граѓани сметаат дека сме се изолирале. Но не е така. Ние сме отворени кон светот, но сега самите си ги контролираме законите, парите и границите“, вели премиерката Меј.

Преговорите за Брегзит продолжуваат в понеделник во Брисел. Процесот за излез од Европската Унија треба да се финализира во 2019 година.

 

Маја Филдишев