Наставничкиот пленум со иницијатива пред Уставен за статутот на СОНК
Наставничкиот пленум со иницијатива за оценување на уставноста на два члена од статутот на Синдикатот за образование наука и култура. Во СОНК никој не знае колкави се трошоците за плати на раководните лица, ниту за репрезентација или други трошоци, велат од Пленумот. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков ги отфрла обвинувањата. Вели дека ова е обид да се растури СОНК и да се дискредитира раководството...

Наставничкиот пленум со иницијатива за оценување на уставноста на членовите 13 и 14 од статутот на Синдикатот за образование наука и култура (СОНК). Го обвинуваат реководството дека со измените, еден член може да истапи од Синдикатот три години по поднесувањето на барањето. Пленумот бара јавно да се обелоденат и платите на раководните лица, но и парите потрошени за репрезентација и други трошоци.
Според претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков иницијативата е личен атак врз него и Дојчин Цветановски. Пленумот го нарече неформална група, која воопшто не е ни значајна во образованието, и сака да го преземе СОНК. По правните консултации, Неделков најави кривична пријава за Наставничкиот пленум и нејзиниот претседател за, како што рече, ширење лаги и манупилации.
Неделков се пожали и оти Синдикатот се уште нема суштинска средба со ресорната министерка. СОНК може да понуди многу конкретни и корисни решенија, но никогаш нема да се согласи по основ на реформи или менување на наставни планови и програми некој да остане без работа и ќе ги заштити своите членови, вели Неделков.
Викторија Милевска
