Обраќање на премиерот Заев на Генералното собрание на ОН
Премиерот Заев, вечер по македонско време, ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во текот на денот ќе има и средба со генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш...

Претседателот на владата Зоран Заев, вечер по македонско време, ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во текот на денот ќе има и средба со генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш. Заев ќе говори и на конференцијата „Нов старт за Балканот“ во организација на УНДП.
Очекуваме наесен да се тргне условената препорака за членство на Македонија во Европската унија, а следен чекор да биде и датум за почеток на преговорите. Реформите што ги спроведуваме и начините на кои ги продлабочуваме добрососедските односи, придонесуваат и кон НАТО интеграциите. Сметаме дека нашите очекувања се реални, Република Македонија да биде 30-та земја членка на Алијансата, истакнал премиерот Заев на средбата со холандскиот премиер Марк Руте.
Холандија целосно го поддржува реформскиот процес што го почна новата влада, потенцира Руте- информираат од владината прес- служба.
