Метео: Студени утра и повисоки дневни температури за викендот
22.09.2017 16:16
Утре дневната температура ќе достигне до 27, а во недела до 28 степени.

За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и претежно стабилно време со постудени утра и малку повисоки дневни температури. Утре дневната температура ќе достигне до 27, а во недела до 28 степени.
Нови врнежи од дожд се очекуваат од понеделник.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
