Се проширува истрагата за случајот „Транспортер“
На недела дена до почетокот на судскиот процос за случајот „Транспортер“ кој го истражуваше СЈО, денес од ОЈО- Битола е поднесено ново проширено обвинение „Транспортер 2“, против битолскиот градоначалник и уште петмина вработени во општината, кои одлучувале по тендерската документација. Талески вели дека во случајот нема креминал и дека случајот добил екслувитет поради непрофисионалноста на битолските новинари.

По СЈО, за бесплатниот превоз на учениците случј отвара и Основното Јавно Обвинителство Битола под кодно име „Транспортер 2“. Во поденесениот посебен извештај на СВР-Битола, градоначалникот Владимир Талески и уште петмина вработени во општината се теретат за постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела- злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, со што на општината и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари. Имено четворицата членови на Комисијата за јавни набавки не ја поништиле постапката иако констатирале дека понудените цени за превоз на учениците за 2015/16 година се многу повисоки од релните цени. Без да имаат ингеренции рака ставиле и првите двајца луѓе на општината.
„Иако немал ингеренции секретарот на општината С.Б. потпишал согласност за склучување на договори за учебната 2015/16 година со нереални пазарни цени, а градоначалникот В.Т. донел одлука како за најповолни понудувачи, со што потпишал штетен договор со две правни лица превозници“, вели портпаролот на СВР-Битола, Лефтерија Миленковска.
За новото обвинение градоначалникот Талевски вели дека е тенденциозно и дека е тоа во последно време мода пред локалните ибори, да се поднесуваат кривични пријави против градоначалници од неговата партија. Неговата дрскост оди дотаму што обвинителен прст вперува и во битолските новинари.
„Ова дело е резултат и на шарлатанскиот одност на битолските новинари поради нивната тенденциозност и непрофесионалност, овој случај доби голем публицитет, но ние ќе докажеме дека сме невини“, вели градоначалникот Талевски.
Сепак непрофесионалците, главно дописници од националните медиуми кои одамна не се канат на настаните што ги организира општината се потрудија да обезбедат тонски запис за подеднаква застапеност на двете страни.
Инаку, за в четврток е закажано првото рочиште од случајот „Транспортер“, дело за кое Талески минатата година беше осуден на три месеци домашен притвор.
Стевче Митревски
