Почнува усогласувањето на броилата за евтината дневна тарифа

25.09.2017 10:46

Од денеска почнува усогласувањето на броилата за враќање на евтината тарифа на електричната енергија. Ќе се опфатат околу 800 илјади домаќинства. Се очекува процесот да заврши при крајот на наредниот месец

ЕВН Македонија од денеска ќе почне да ги усогласува броилата на потрошувачите по одлуката на Владата за враќање на евтината дневна тарифа од 1-ви октомври. Од компанијата уверуваат дека сите 800 илјади домаќинска до крајот на идниот месец ќе имаат дневна евтина тарифа, пред почетокот на грејната сезона.

Според одлуката, евтина струја ќе има два часа дневно од понеделник до сабота од 14 до 16 часот. Евтина тарифа на струјата има и во текот на ноќните часови секој ден од 22 до 07 часот и во недела преку целиот ден.