Лидерот на Баскија повика шпанската власт да дозволи референдум за независност
25.09.2017 12:21
Шпанија е заглавена во лавиринт, па почетна точка за излез од кризата би било признавањето на двете нации, Баскија и Каталонија, кои сакаат самостојно да носат одлуки за својата иднина...

Лидерот на регионалната влада во Баскија, Иниго Уркулу, ја повика шпанската власт да дозволи референдум за независност. Според него, Шпанија е заглавена во лавиринт, па почетна точка за излез од кризата би било признавањето на двете нации, Баскија и Каталонија, кои сакаат самостојно да носат одлуки за својата иднина.
Полицијата конфискуваше милиони гласачки ливчиња со цел да го спречи референдумот. 12 каталонски политичари се уапсени, а граѓаните протестираат на улиците.
