САД: Проширена забрана за патување

25.09.2017 12:38

Белата Куќа ја правда одлуката со информации добиени од странски влади.

Северна Кореја, Венецуела и Чад се три нови земји кои влегоа во списокот на Соединетите Американски Држави за кои се применува контроверзната забрана за патување.

Белата Куќа ја правда одлуката со информации добиени од странски влади. Претседателот Доналд Трамп нагласи дека безбедноста на Америка е приоритет.