Ципрас и Трамп ќе разговараат за прашањето за името
25.09.2017 13:01
Според грчките медиуми, Ципрас меѓу другите прашања ќе разговара и за прашањето за името.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во втората половина од октомври во Белата Куќа има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Според грчките медиуми, Ципрас меѓу другите прашања ќе разговара и за прашањето за името.
Другите теми се однесуваат на отворените прашања во регионот, односно Кипар, како и соработката во Егејското Море.
Грција неколку пати повтори дека македонските власти треба да го напуштат иредентизмот- јавуваат медиумите во Грција.
