Локални избори 2017: Почна изборната кампања
Првиот круг од шестите избори за градоначалници и советници ќе се одржи на 15-ти, а вториот на 29-ти октомври. Од партиите кои имаат пратеници во Собранието, СДСМ ги почнува изборните митинзи во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Изборната кампања за локалните избори во земјава почна ноќеска на полноќ. Листи со кандидати поднесоа 19 партии и коалиции, 62 се од групата избирачи.
Првиот круг од шестите избори за градоначалници и советници ќе се одржи на 15-ти, а вториот на 29-ти октомври. Од партиите кои имаат пратеници во Собранието, СДСМ ги почнува изборните митинзи во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Пред почетокот на кампањата, учесниците вчера во Општинските изборни комисии и на Градот Скопје потпишаа Кодекс за спроведување фер, демократски и слободни избори.
МТВ до 13-ти овој месец, до кога завршува кампањата за првиот круг ќе емитува серија дебатни емисии со кандидатите за градоначалници, регистрирани од Државната изборна комисија.
Изборите ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
