Седмо апсење за нападот во метрото во Лондон

25.09.2017 14:00

Момчето е уапсено во куќа во главниот град на Велс, Кардиф. Ова е седмо апсење во врска со нападот во метрото.

Британската полиција уапси 20-годишно момче во врска со нападот во метрото во Лондон на 15 септември, кога при експлозија на бомба беа повредени 30 лица.

Момчето е уапсено во куќа во главниот град на Велс, Кардиф. Ова е седмо апсење во врска со нападот во метрото.

Полицијата покрена обвинение против сирискиот тинејџер Ахмет Хасан за обид за убиство во врска со нападот. Од останатите уапсени, тројца се ослободени, а двајца се уште се на распит.