Законски измени: Храната да се донира наместо да се фрла
Најаваени законски измени во делот дарување на храната. Собирањето ќе ги опфати маркетите, добавувачите и производителите, а потоа и рестораните и домаќинствата. Во земјава се фрлаат околу 5.000 тони храна годишно...

Храната да се донира наместо да се фрла- oва се предвидува со законските измени на Законот за храна кои треба да бидат донесени до почетокот на идната година. Законот ќе ги опфати најпрво маркетите, добавувачите и производителите, а потоа и рестораните, и домаќинствата.
Со законското решение ќе се бара бизнисите да бидат ослободени од данокот на додадена вредност за храната што ќе ја донираат, но и од кривична одговорност при евентуални незгоди или злоупотреби, ако доследно ги почитуваат правилата за безбедна храна.
Прва Франција го регулираше прашањето со фрлањето храна, а примерот веќе го следи Велика Британија. Во Европската унија, отпадот од храна достигнува до 100 милиони тони годишно. Македонија фрла по 5.000 тони храна годишно.
Дијана Ценевска
