Тутунот ќе жолтее во прилепско

15.02.2014 17:13

Садење берба, пеглање, откуп.

Стигнаа и парите од тутунот. Еден циклус заврши, почнува новиот. Така е секоја година за прилепското семејство Дојчиноски. 60 годишната Благица, откако знае за себе е  на нива. Девет од 12 месеци порано со децата, сега со сопругот е на тутун.

- Со тутунот сум како дете, од 8-9 години. Секогаш вадиме добри приноси и квалитет. Во просек 1000 до 1100 килограми годинава имавме. Планираме која парцела, кое семе, што да купиме од тутунот, вели Благица Дојчиноска, тутунопроизводител.

Тутунот за свадби, да изучат децата. Како егзистенција.

- Се учат децата, се прават свадби. Тутунот е главно занимање во прилеп. Егзистенција, живот дава. Нема намалување, вели Благица Дојчиноска.

Семејството Дојчиноски е едно од 11 илјади во прилепско. Во Македонија се 40 илјади судбини врзани за оваа индустриска култура. Сега и при исплатата-  нивите се капарени.

-„Ќе садиме, што ќе правиме, од што ќе живееме,“ вели тутунопроизводител

Понудата и побарувачката ги одредуваат производството. Цената Со сите турболенции, останува агроекономска гранка. Во извозот учествува со 3,2 насто од брутодомашниот производ.

Барометарот на производството прилепскиот тутунски комбинат за еден месец треба да го потпише договорот со светскиот гигант Филип Морис како импулс дека тутунот останува на нивите. Кон ова и последните информации од министерството за земјоделство. Интересот за новата реколта е на ланското ниво.

Новинар: Елизабета Митреска

Снимател и монтажа- Илчо Димески