Министерот Поповски со отчет за сработеното

25.09.2017 15:03

Една од првите мерки што беше донесене беше одлуката за стопирање на владиното рекламирање...

Транспарентност пред јавноста и пред медиумите, редовни брифинзи со новинарите, бесплатен пристап до информациите од Централниот регистар и Катастарот- се едни од резултатите постигнати од Владата- оценува ресорниот министер, Роберт Поповски.

Една од  првите мерки што беше донесене беше одлуката за стопирање на владиното рекламирање. Рекламирањето не е транспарентно и отчетно информирање, туку многу повеќе пропаганда која се злоупотребуваше во изборните циклуси што ги организираше претходната влада. Во пресрет на изборите Владата донесе декларација за заложби за слободни и фер избори. Усвоивме и дистрибуираме прецизно упатство за начинот на постапувањето на премиерот, министрите во Владата и на сите останати државни функционери за користење на државните ресурси како возила, опрема и останато за време на изборната кампања, истакна Поповски.

Тој ги повика и вработените во државните органи да пријават доколку врз нив се вршат притисоци.

Во врска со законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Поповски рече дека законот ќе биде донесен низ широка јавна дебата и во него ќе бидат вградени сите конструктивни предлози.