Вакцинирани 100 лица против мали сипаници за време на викендот
25.09.2017 15:10
Наложено им е на сите Здравствени домови во државата да се направи доплнителна проверка на здравствените картони, односно ревакцинација за морбили, рубеола и паротид.

За време на викендот се вакцинирани сто лица против мали сипаници. Тие биле во непосредна близина на заболените и не ја примиле претходно задолжителната вакцинација- информираат од Центарот за јавно здравје скопје.
Наложено им е на сите Здравствени домови во државата да се направи доплнителна проверка на здравствените картони, односно ревакцинација за морбили, рубеола и паротид.
Нема нови заболени- информираат од Министерството за здравство..
