Спасовски: Партиите да не ги злоупотребуваат полицајците во изборниот процес
МВР нема да биде во служба на ниту една политичка партија, рече министерот Спасовски на почетокот на кампањата. Ги повика лидерите на партиите да создадат фер и демократска атмосфера...
Ниту еден припадник на Министерството за внатрешни работи не смее да се става во служба на која било политичка партија, ниту да се користат материјално-технички ресурси во функција на политичка пропаганда, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Ги повика политичките лидери да создадат атмосфера на фер и демократски избори, и рече дека секој случај што ќе биде прекршување на принципите ќе биде санкциониран.
Спасовски рече дека полицијата е подготвена да го заштити изборниот процес, но партнери во тоа мора да бидат и граѓаните и политичките субјекти. Треба да се знае дека какво било нанесување штета преку демолирање на штабови ќе наштети на изборната клима.
Игор Панов
