БЕСА: Народот да биде богат, советниците во служба на граѓаните
„Народот да биде богат, советниците во служба на граѓаните“ - ветувања на кандидатите од БЕСА кои ја почнаа кампањата од Тетово.

Со движењето БЕСА, Вие ќе имате власт која ќе се ангажира народот да биде богат, градоначалниците и советниците ќе бидат во служба на граѓаните без да имаат материјални или фамилијарни интереси, рече пред тетовци претседателот на движењето БЕСА и кандидат за градоначалник, Касами. На градскиот плоштад партијата одржа промотивна конвенција. Претставени кандидатите за градоначалници за локалните избори закажани за 15 откомври.
„Движењето БЕСА со преземањето на градската власт во Тетово ќе им овозможи на граѓаните на овој град подобар живот. Кога ќе дојдеме на власт ќе работиме Тетово да има подобра инфраструктура и хигиена. Тетово ќе има подземни паркинзи, нема да имаме загаден воздух, диви депониии. Со доаѓањето на Беса на локална власт ќе престанат заканите кон граѓаните. Беса ќе го смени досегашното владеење. Нема да има политичари кои ќе го осиромашуваат народот. Тие што владееа досега ќе седат дома, а ние ќе дојдеме на власт и ќе бидеме ваши слуги. Ние ќе дојдеме на власт за да работиме за вас во интерес на граѓаните, на располагање ќе ви бидеме 24 часа. Јас знам дека вие постојано се соочувате со закани од владејачката гарнитура, но ќе се смени ова. Тие кои ви се закануваа и кои се дел од владејачката гарнитура ќе одат во затвор. Од 15 октомври ќе имаме подобар живот, се гледаме на 15 октомври кога ќе славиме заедно за победата на БЕСА“, изјави Касами.
Со тоа што ние сме тука пред вас кажуваме дека сме подготвени да стоиме исправени пред сите предизвици, а со тоа што вие сте тука, кажувате дека на 15 октомври ќе гласате за движењето БЕСА, за нашите кандидати и за еден подобар живот, изјави Касами пред присутните во Тетово.
Наташа Јанчиќ
