ДУИ: Граѓанинот во центарот на нашето внимание и интерес
Со слоганот „Заедно“, кандидатите за градоначалници и членови на советнички листи од Демократската унија за интеграција ќе ги бараат гласовите од гласачите. Велат, уште од денеска се на терен...

ДУИ ги обелодени активностите, политичката понуда и агендата. Се мобилизираат, велат оттаму, за да ја презентираат нивната визија за општините во наредните четири години. Портпаролот на централниот изборен штаб, Арбер Адеми, рече дека ДУИ на овие локални избори настапува со слоганот „Заедно“. Ќе бидеме заедно за општината што ја сакаме, поставувајќи го граѓанинот во центарот на нашето внимание и интерес, за да му ја доближиме локалната администрација за поефикасни и побрзи услуги, да се подобри квалитетот на живеење- додаде Адеми.
„Кандидатите за градоначалници од ДУИ уште од сега се излезени на терен, како и кандидатите за советници и илјадници активисти кои во секое населено место ќе ја пренесат нашата политичка понуда на секој поединец со коникретни планови, програми за развој на општините кои ги посакуваме. ДУИ влегува на овие избори со конкретна и амбициозна понуда, специфична за секоја општина посебно, што ќе се одвива директно со граѓаните. Ќе водиме модерна и инетрактивна кампања со директни средби со граѓаните, од куќа во куќа, низ работилници и компании, по улици и плоштади, што постојано продолжуват кон подобро“- изјави Адеми.
За ДУИ од особен интерес е изборите да минат мирно и во демократска атмосфера, рече Адеми.
„Од исклучителен интерес за ДУИ и за нашите кандидати е овие избори да минат во мирна, коректна, демократска и празнична атмосфера, така што нашите граѓани ќе имаат можност на слободен и на најдобар можен начин да ги изберат градоначалниците и советниците кои ги посакуваат. Во духот на претходно кажаното сите наши кандидати во ДИК го потпишаа кодексот за коректни и демократски избори. Во секоја општина нашите кандидати и за градоначланици и за советници непосредно ќе разговараат со жителите а нашиот лидер и челниците на партиите ќе бидат присутни во секоја општина во која сме вклучени во изборната трка“- рече Адеми.
Утре караванот на ДУИ ќе ги посети оптшините Пласница и Долнени каде ќе има можност да се сретне со граѓаните и директно да разговара за нивните барања, информираше Адеми.
Фиљана Кока
