Урбанистичките планови и решавање на загаденоста- приоритети на Богдановиќ, Марин, Богоев

25.09.2017 17:16

Урбанистичките планови и решавање на загаденоста- меѓу приоритетите на кандидатите за градоначалници на СДСМ од неколку скопски општини...

Ревизија на урбанистичкиот план, најави кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ. Рече дека ќе ги заврши почнатите позитивни проекти, а во програмата што ја нуди вели дека го опфатил решавањето на проблемите за сите возрасти. Приоритет- решавање на паркинг- местата.

Програмата ја промовираше и кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин. Во неа навел решенија за загадувањето, мерки за контролирање на градежниот хаос и сообраќајниот метеж.

Ефикасна општина, подобрување на инфраструктурата, здрава животна средина, гасификација на Кисела Вода, вложување во образованието- приоритетите на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски. Вети заложби за проекти за подобра здравствена заштита.

Кандидатот на СДСМ за Карпош, Богоев кампањата ја почна од кејот на Вардар. Вети нов парк од скејт- местото до бунарите на Рашче, нова градинка во Влае 2 и Дом за стари лица на кејот кај Злокуќани.

Доградба на постојните и изградба на градинка во Волково, амбуланта во Дексион, реконструкција на училишта, како и формирање комунално претпријатие на општинско ниво се главни приоритети на кандидатот за градоначалник на СДСМ во Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Наумовски најави и гасификација во општината.

 

Наташа Гркова- Петрушевска