Поранешниот турски премиер Давутоглу во посета на Македонија

26.09.2017 08:54

Во рамки на посетата Давутоглу ќе оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев.

Поранешниот премиер на Република Турција Ахмет Давутоглу од денеска до 29-ти септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Во рамки на посетата, Давутоглу ќе оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев.

Давутоглу на 28 септември ќе се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.