Манила
Инцидент во близина на резиденцијата на Дутерте
26.09.2017 10:28
Инцидентот се случува во период на реализација на плановите на Дутерте за „борба против дрогата“, во која досега настрадаа неколку илјади луѓе.

Рано изутрината оддекнаа истрели во близина на резиденцијата на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, познат по „војната против дрогата“.
Во моментот на пукањето, тој не бил во резиденцијата. Инцидентот се случува во период на реализација на плановите на Дутерте за „борба против дрогата“, во која досега настрадаа неколку илјади луѓе.
За нивната смрт се обвинуваат филипинската војска и полиција.
