Пентагон со предлози за решение за Корејската криза
Пентагон предупреди-ако продолжат провокациите, претседателот Трамп ќе добие опции за решавање на проблемот со Пјонгјанг. Вербалната војна на релација Вашингтон- Пјонгјанг се влошува.

Пентагон ќе му ги претстави на американскиот претседател Доналд Трамп сите опции за решавање на проблемот со Северна Кореја доколку продолжат провокациите. Соопштението од американското Министерство за одбрана, следи по заканата на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо, дека неговата земја ќе преземе контрамерки, бидејќи Трамп наводно им објавил војна. Не ја исклучи можноста и за соборување на американските стратешки бомбардери кои се во воздушниот простор на Северна Кореја.
Вербалната војна меѓу Вашингтон и Пјонгјанг ескалираше во последните неколку денови откако Трамп изјави дека „Ким Јонг Ун нема уште долго да биде тука“, па меѓу толкувањата беше и опцијата дека Вашингтон сака промена на режимот. Белата куќа демантираше дека постои таков план.
И покрај санкциите на Обединетите Нации, Северна Кореја продолжи со ракетните тестирања. Режимот на Пјонгјанг повтори дека нуклеарните капацитети се наменети само против оние кои сакаат да му наштетат.
Маја Филдишев
