Курдистан: Над 90 проценти поддршка за независност
26.09.2017 11:46
По гласањето ирачките Курди славеа до доцна во ноќта на улиците на Ербил, главиот град на Ирачки Курдистан.

Изборната комисија во Ербил соопшти дека според првичните резултати над 90 проценти од гласачите се изјаснија дека ја поддржуваат независноста на Ирачки Курдистан.
По гласањето ирачките Курди славеа до доцна во ноќта на улиците на Ербил, главиот град на Ирачки Курдистан.
Во меѓувреме, ирачкиот премиер Ал Абади изјави дека владата на Ирак нема да преговара со курдските власти за резултатите од „неуставниот“ референдум за независност.
