Западен Брег: Палестинец застрела тројца Израелци

26.09.2017 12:07

Еден Израелец е повреден и е во критична состојба, а полицијата го окарактеризира нападот како терористички.

Палестинец застрелал тројца Израелци на окупираниот Западен Брег на реката Јордан пред да биде убиен од израелските безбедносни сили.

Еден Израелец е повреден и е во критична состојба, а полицијата го окарактеризира нападот како терористички.

Од октомври 2015 година Израел, Ерусалим и палестинските територии станаа сцена на насилство каде што загинаа најмалку 295 палестинци, 50 израелци, по двајца Американци и Јорданци, Британка, Еритреец и Суданец.