До Агенцијата за вработување досега поднесени 816 барања од стечајни работници
Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, денеска на прес-конференција соопшти дека досега не е донесено ниту едно решение, бидејќи сѐ уште во тек е аплицирањето.

До Агенцијата за вработување досега пристигнале 816 барања од стечајни работници за исплата на надоместок, согласно неодамна донесениот Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна државна сопственост.
Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, денеска на прес-конференција соопшти дека досега не е донесено ниту едно решение, бидејќи сѐ уште во тек е аплицирањето.
Рокот за поднесување на барањата е една година, а барањата се поднесуваат електронски. Стечајните работници треба да понесат само лична карта за идентификација, а останатите документи Агенцијата ќе ги обезбеди по службена должност. Доколку барањето не може да се поднесе електронски, стечајните работници тоа може да го сторат во архивата на центрите за вработување.
