Се бараат механизми за финансирање на програмите за превенција и за третман на ХИВ

26.09.2017 13:53

Македонија остана земја со ниска стапка на ХИВ вирусот во регионот на Југоисточна Европа. Изградени се сите капацитети кои можат да дадат одговор на ХИВ епидемијата и истите треба да продолжат да добиваат поддршка и во иднина. Од наредната година, од Буџетот ќе се одвојуваат средства за превенција и за третман на ХИВ. Остануваат и нерешени предизвици. Се бара механизам за финансирање на граѓанските организации од централниот Буџет...

Поради високиот економски развој и ниската стапка на ХИВ во Македонија, земјата не може повеќе да аплицира за грантови од Глобалниот фонд. Од наредната година, средства за превенција и третман на ХИВ ќе се одвојуваат само од Буџетот. Остануваат нерешени прашања. Се бара механизам за финансирање на граѓанските организации.

„Веруваме дека нашите гости денеска од Хрватска и од Чешка ќе ни пренесат како се финансираат граѓанските организации во полето на превенција од ХИВ/ СИДА во нивните земји, за Македонија да продолжи да остане со најниска стапка на ХИВ во регионот на Југоистична Европа“, изјави Христијан Јанкулоски, извршен директор на ХОПС.

Овие сервиси ги имплементираат 15 здруженија во 15 градови, опслужуваат 15 илјади луѓе.

„Превенцијата е многу важна работа, финансирањето исто така, затоа сме денес тука- да разговараме како да најдеме нови модели. Не отстапуваме од ветеното, ќе го поддржуваме граѓанскиот сектор во секој момент“, вели Гоце Чакаровски, заменик- министер за здравство.

Од 2003-та година досега се имплементирани три национални стратегии за ХИВ. Во фаза на финализација е стратегијата 2017 – 2021 година.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска