Премиерот и министрите не ги користат службените возила за време на кампањата

26.09.2017 14:27

Премиерот Зоран Заев како и сите други министри во владата, на сите партиски активности учествуваат исклучиво по завршување на работните обврски во своите кабинети и не ги користат ресурсите на Владата за овој вид активности- велат од владината прес служба...

Лажни и неточни се информациите дека Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги користеле службените возила за време на предизборната кампања за локалните избори, соопштуваат од владината прес- служба.

Премиерот Зоран Заев како и сите други министри во владата, на сите партиски активности учествуваат исклучиво по завршување на работните обврски во своите кабинети и не ги користат ресурсите на Владата за овој вид активности. Потенцираме дека во текот на вчерашната посета на Ресен, Битола и Демир Хисар премиерот Зоран Заев користеше приватно возило. Владата ги повика органите на државната управа да ги преземат сите законски мерки за да се гарантира избирачкото право на сите граѓани- стои во соопштението.

Владата донесе Декларација за заложби за слободни и фер избори, а усвои и дистрибуира прецизно Упатсво за начинот на постапување на премиерот, министрирте во владата, и сите останати државни функционери за забрана за користење на државни ресурси, возила, опрема и останато, за време на изборна кампања.