Манчевски: Административците да пријавуваат политички притисок од било која страна

26.09.2017 14:49

На отчетот за сработеното во првите 100 дена, Манчевски рече дека ќе се обиде да ја врати довербата во јавната администрацијана која треба да е во служба на граѓаните, ослободена од притисоци и уцени.

Административците да пријавуваат политички притисок од било која страна, а ние веднаш ќе реагираме, порача министерот за информатичко општество и администрација. На отчетот за сработеното во првите 100 дена, Манчевски рече дека ќе се обиде да ја врати довербата во јавната администрацијана која треба да е во служба на граѓаните, ослободена од притисоци и уцени.

„Она што јасно и недвосмислено сакам да го почарам до сите вработени во јавниот сектор, веднаш да реагираат и да пријавуваат било каков притисок од страна на било кој раководен кадар на администрацијата. Мораат веднаш да реагираат и ветувам дека веднаш ќе реагираме“- нагласи министерот Манчевски.

Според Манчевски, Министерството стои сериозен процес на реформи на јавната администрација базиран на нова стратегија. Во првите 100 дена, како што кажа, Министерството имплементирало и прифатило сите забелешки од СИГМА, успеало да го врати дијалогот со ЕУ за реформа на јавната администрација што бил во прекин од 2015 година, вовело флексибилно работно време и двосменско работно време за службите што издаваат лиценци, дозволи и слично.