Естонска „Нордика“ ќе лета на релација Талин- Охрид

26.09.2017 14:59

Според најавите, летот од Охрид до Талин ќе трае три часа, а „Нордика“ го промовира Охрид меѓу Естонците како најпопуларната дестинација за одмор во Македонија...

Естонскиот авиопревозник „Нордика“ ќе почне да лета на авиолинијата Талин- Охрид- Талин, почнувајќи од летната сезона во 2018-та година, соопшти „ТАВ Македонија“.

Според најавите, летот од Охрид до Талин ќе трае три часа, а „Нордика“ го промовира Охрид меѓу Естонците како најпопуларната дестинација за одмор во Македонија, прекрасен и романтичен град со богата архитектура, пејзажи кои го одземаат здивот, нагласувајќи  дека станува збор за град кој е под заштита на УНЕСКО.

Талин ќе биде петтата дестинација до која „ТАВ“ воведува чартер-летови од охридскиот аеродром во изминатите две години, покрај веќе посточките за Катовице, Белград, Тел Авив и Брисел. Податоците покажуваат дека „ТАВ Македонија“ во првите осум месеци на тековната година бележи десетпроцентно зголемување на бројот на опслужени патници на аеродромите во Скопје и Охрид. Во истиот период бројот на реализирани летови е зголемен за 18 отсто