Кина изведе воени вежби во Џибути

26.09.2017 15:04

Командантот на базата изјави дека тоа е првпат војниците стационирани во Џибути да го напуштат кампот и да изведат вистински вежби.

Кина изведе воени вежби во Џибути, земја на истокот од Африка каде што кинеската војска летово ја отвори првата база во странство. Кинеските медиуми покажаа оклопни возила и војници со автоматско оружје и топови.

Командантот на базата изјави дека тоа е првпат војниците стационирани во Џибути да го напуштат кампот и да изведат вистински вежби.

Вежбите се наменети како поддршка на операцијата за сочувување на мирот на ОН, и за можна евакуација на кинески државјани.