Шекеринска и Димитров на средби во НАТО
Во извештајот ќе бидат опфатени резултатите од реформските процеси, согласно со Планот 3-6-9, како и реформите што се однесуваат на придонесот на нашата земја во унапредувањето на надворешната и одбранбената политика во регионот.

Министрите за надворешни и за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска утре во седиштето на НАТО на состанокот на Северно-атлантскиот совет во Брисел ќе го претстават акцискиот план за членство на Македонија во Алијансата.
Во извештајот ќе бидат опфатени резултатите од реформските процеси, согласно со Планот 3-6-9, како и реформите што се однесуваат на придонесот на нашата земја во унапредувањето на надворешната и одбранбената политика во регионот.
Со состанокот ќе претседава заменик-генералниот секретар на Алијансата, Роуз Готемелер. Министерката за одбрана Шекеринска денеска имаше средба со Педро Серано, заменик на европската служба за надворешна политика, а попладнево министерот Димитров ќе разговара со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес хан.
