Олимписки зимски игри – Сочи 2014

Третјаков без конкуренција во скелетон

15.02.2014 18:44

Квалитетот и познавањето на патеката на Русинот Александер Третјаков не дозволија изненадување во скелетон...

Квалитетот и познавањето на патеката на Русинот Александер Третјаков не дозволија изненадување во скелетон. Кариерата на 28 - годишниот Третјаков се развива од натпреварување во натпреварување, па од бронзата во Ванкувер преку златото на Светското првенство, кулминираше со најсјајното олимписко одличје. Третјаков имаше најдобро време во сите четири трки или вкупно 3:44:29 што е рекорд на патеката во Сочи и зато на крајот за 81 стотинка беше побрз од Мартинс Дукурс. Летонецот и по четири години остана на сребрената позиција.

Дилемата во Санки центарот беше само кој Американец ќе го освои бронзениот медал. Метју Антоан оствари трет резултат бидејќи во три од четирите возења беше поуспешен од Џон Дејли  кој затоа што направи грешка во завршната трка заврши дури како пенаесетти.