ИКТ: Законски измени за да се задржат кадрите во земјава
Фирмите од информатичко-комуникацискиот сектор бараат законски измени за да можат, како што велат, да ги задржат кадрите во земјава. Според нив, сегашната регулатива ги попречува стимулациите. Труд и социјала работи на ново решение. Советува- целосна имплементација за да има ефекти...

Промени во оданочување на примањата кај инженерите, прецизна регулатива за работа од дома и за практиканство. Фирмите од информатичко- комуникацискиот сектор бараат корекција на законите за да ги задржат кадрите во земјава. Велат на домашниот пазар на труд има недостиг од над 15 насто вработени во овој сектор, сегашната регулатива ги попречува стимулациите, доделување бонуси, стажирања, флексибилно работно време и позиција. Штом ги добијат сертификатите, обучени младите заминуваат во странство.
„Даночниот систем треба да биде поспецифично прецизиран околу примањата на ИТ инженерите кои не можете да ги задржите без 1.000 или 1.500 евра плата, а тој нема ниту стан, допрва создава семејство“, вели Анета Пешева од МАСИТ.
Се креиран нов закон за работни односи, регулатива и за практиканство и ангажман на студенти, можност компаниите да го скројат кадарот според своите потреби без обврска да го задржат на работното место.
„Ние може да донесеме најдобар закон за практиканство, може да предвидеме мерки, средства за практикантите во Вашите компании, но ако бизнис секторот не ги отвори вратите за импементација, нема да биде успешна. Јас не би одела на обврска да го вработите кадарот зашто ако Вие го обучите, тој ќе си најде работа во друга компанија“, вели Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.
Информатичкиот сектор во Европа креира пет проценти од бруто- домашниот производ, постојната регулатива е пречка за развој во Македонија
„Сегашната регулатива ги попречува светските практики за стимулиации како работа од дома, бонуси, стажирања, флексибилно работно време“, вели Дејвид Атбери, Директор на мисијата на УСАИД во Македонија.
Во изминатите години цената на ИКТ експертите во Македонија се зголеми за најмалку 20 насто годишно, на сметка на субвенциите на странските фирми насочени на аутсорсинг, домашните се соочија со сериозен одлив на кадри, се жалат на нефер конкуренција.
Сузана Фиданска- Стоевска
