Заев- Гловер: Владата ќе спроведе фер и демократски избори

26.09.2017 16:01

Заев, како што соопшти владината прес- служба, истакнал дека сите институции инволвирани во изборниот процес, вклучително и политичките партии, треба да придонесат во спроведувањето на фер и демократски избори.

Поучени од лошо организираните избори од минатото, не смееме да дозволиме поради изборни нерегуларности да ги доведеме во прашање нашите евроатлантски аспирации на кои работевме многу во изминативе неколку месеци за да ги направиме реални нашите шанси- истакна премиерот Заев на средба со амбасадорката Одри Гловер, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија.

Заев, како што соопшти владината прес- служба, истакнал дека сите институции инволвирани во изборниот процес, вклучително и политичките партии, треба да придонесат во спроведувањето на фер и демократски избори.

Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ го запозна премиерот со нивните претстојни активности поврзани со изборниот процес, за бројот на краткорочни и долгорочни набљудувачи на мисијата, кои веќе се на терен и го мониторираат отпочнатиот предизборен процес.

Гловер го информираше премиерот дека пред денот на изборите, мисијата ќе го засили мониторирањето на процесот со дополнителни 200 краткорочни набљудувачи.