Касами на средби со граѓани во Џепчиште, претстави два концептуални проекти

26.09.2017 16:33

Џепчиште ќе добие концептуални проекти кои значително ќе го олеснат животот на жителите. Кандидатот за градоначалник на Тетово од партијата БЕСА со ветувања...

Претседателот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами на средби со граѓани во Џепчиште. Претстави два концептуални проекти кои ќе се реализираат во ова село. Парк во близина на поранешната општина ќе биде ретроспектива на минатото на ова село, во близина на старото училиште ќе се вклучи и спортското игралиште, заедно со игралиштето за деца, најави Касами.

„Нечесна и несериозна пропаганда на градоначалникот на Тетово е дека е решено прашањето за вода за пиење и изградбата на градинка во Џепчиште. Ве уверуваме дека сите кадри од Движењето БЕСА, од Струга до Куманово, се најдобрите момчиња и девојки на албанскиот народ во Македонија. Имаме конкретен случај за Хусеин Река, кој реши да се откаже од важна позиција и одлична кариера за да се врати и да придонесе за својата татковина. Џепчиште не може да се врати во општината, но ќе овозможиме поголема самоуправа. Многу приватни компании ќе инвестираат во јавен интерес и ќе ви овозможат поширока соработка. Ние гарантираме целосна транспарентност и максимално ангажирање на сите институции на самоуправата, почнувајќи од градоначалникот и реализација на сите ветени проекти пред вас“, изајви Биљал Касами, претседател на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово.

Носителот на листата, Хусеин Река, исто така, ги пофали способностите на жителите на Џепчиште да создадат бројни и успешни бизниси во тешки околности. Тој ја спомена организацијата и функционирањето на поранешната општина Џепчиште. Рече дека ќе биде посветен на гласот на присутните граѓани во секое време. Одговорноста ќе биде многу важна. Проектите на нашите ривали можат да бидат поголеми, но само Движењето БЕСА има визија и стратегија за реализирање на ветеното. Ќе создадеме можности и нови простори за нов живот, рече Река.

Наташа Јанчиќ