Кандидатите за градоначалници на ДУИ со ветувања до граѓаните
Спортски сали, градинки, катни гаражи. Кандидатот за градоначалник на ДУИ во Чаир со ветувања до граѓаните од оваа општина...

Кандидатот за градоначалник за Општина Чаир од ДУИ, Висар Ганиу со договор за 2017-2021 им гарантира на жителите дека ќе реализира бројни проекти во сферите што ги засегаат. Три спортски сали во основните училишта и една во средното „Цветан Димов“, градинки, катни гаражи, реновирање спротски сали, нова трибина на фудбалскиот терен, инфраструктура и капитални инвестиции, но и помош на граѓаните за поголема заштеда преку зголемување на енергетската ефикасност, образложи Ганиу.
Неговиот колега Исмаил Јаовски ја бара поддршката за Пласница. На жителите им ветува довршување на патиштата, водоводната мрежа, нови вработувања и решавање на наводнувањето.
Џемил Камили кандидат за Долнени, рече дека се нафаќа да санира во сите области бидејќи се проблематични. Особено за економскиот развој на оптшината.
Утре караванот на ДУИ продолжува во Бутел и Шуто Оризари.
Фиљана Кока
