Заев: Имаме визија за сите да го вратиме животот во Македонија
„Имаме визија за сите да го вратиме животот во Македонија“- порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Битола. Рече дека градат општини отворени за сите и граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едно место. Кандидатката за градоначалник, Наташа Петровска е убедена дека промените во градот ќе се случат уште во првиот круг на локалните избори...

Градиме по план и во договор со заедницата за потребите на сите граѓани. Работиме за чиста вода и чист воздух. Имаме план како да ги организираме комуналните претпријатија, да ги намалиме трошоците и подобриме услугите. Насочуваме повеќе пари кај граѓаните за повеќе можности за сите. Ја активиравме спиралата за покачување на платите, носиме директна поддршка за домашните фирми. Градиме отворена и услужна општина за сите. Граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едно место и ќе ги вклучиме во креирањето на буџетот кој ќе се користи домаќински. Ова се четирите столба на кои се потпира програмата на коалицијата предводена од Социјал- демократскиот сојуз на Македонија, а ја презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Имаме визија за сите да го вратиме животот во Македонија- истакна Заев пред битолчани од плоштадот „Магнолија“.
Заев потсети на владините политики и ефектите во економскиот дел кои, како што рече, ги чувствуваат сите граѓани во Република Македонија. Трајно ги решивме стечајците, обезбедивме помош за младите земјоделци, го укинавме екстерното, ги намаливме трошоците за живот- истакна Заев пред Битолчани. Новата влада е одговорна и свртена кон граѓаните посочи лидерот на Социјал- демократите, јасно кажавме дека сме од збор, ги скративме непродуктивните трошоци во висина од 45 милиони евра. Тој ги претстави и кандидатите за градоначалници велејќи дека ќе градат услужна општина во која граѓаните ќе бидат вклучени во креирањето на буџетот. Од Битолчани очекува победа на локалните избори со повеќе од 5.000 гласови.
Никој не е доволно добар и паметен сам за себе. Бидете моите очи и уши- побара од битолчани кандидатот за градоначалник Наташа Петровска. Промените се наши и тие ќе се случат уште во првиот круг на 15-ти октомври истакна, Петровска. Овие избори се за поубава и поперспективна Битола, рече таа.
Кандидатот за битолски градоначалник ветува рециклирачки систем за управување со отпадот, мултифунционален комплекс за спортување, отворени врати за бизнис секторот и излегување во пресрет на бизнисмените, но и подобрување на условите во училиштата. Гасификација по примерот на Струмица, влезовите во градот Битола ќе ги направиме како што доликува на козулски град, вети Петровска. На првиот ден од изборната кампања за локалните избори, Коалицијата предводена од Социјал- демократите одржа митинзи и во Демир Хисар и Ресен.
Миле Ристевски
