Бродка за сензација на 1500 метри во брзо лизгање
Полско чудо во драматичната разврска на 1500 метри во брзо лизгање...
Збигњев Бродка ги шокираше конкурентите и успехот на кариерата за милимиетри го претвори во злато. Бавните трки му одговараа на 29 – годишниот Полјак кој не беше вклучуван ни меѓу петте фаворити за одличја, но успеа да биде компјутерски побрз од Холанѓанецот Кун Вервеиј. И двајцата имаа исто време, минута и точно 45 секунди, но според правилата од оваа Олимпијада, во раситнуватњето на стотинките, Бродка беше побрз за само три илјадитинки. Одличниот настап во Сочи го надгради и Канаѓанецот Дени Морисон кој по среброто на 1000, го освои бронзениот медал на 1500 метри.
Трите медали за Полска на овие Олимписки зимски игри се златни, Бродка им се придружи на нордијката Ковалчик и на скокачот Стох.
Поатрактивниот дел од брзото лизгање, денешните две шорт - трек трки ги одбележа руско- азиската комбинација. Во машка конкуренција на 1000 метри двојна победа на Русите, злато за Виктор Ан, сребро за Владимир Григорев и бронза за Холанѓанецот Сјинки Кнегт. Кај дамите на 1500 метри меѓу тринаесетте финалистки најбрза и највешта беше Јанг Жу од Кина, пред Сук Хе Шим од Јужна Кореја и Италијанката Аријана Фонтана.
