Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинзи во Виница и во Кочани
ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата вечерва на митинзи во Виница и во Кочани. Ќе ја презентираат изборната програма заедно со кандидатите за градоначалници.

Под слоганот „Секогаш работа, секогаш Македонија“ карванот на Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ вечер на митинзи во Виница и во Кочани. Пред граѓаните се презентираат кандидатите за градоначалници и советници како и проектите содржани во изборната програма.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ ја старуваше кампањата под мотото „Новата ера почнува“.
Градоначалникот на Виница, Мартин Павлов вети нови проекти како што се изградба на инфраструктура, водовод, канализација, изградба на градинка и многу други проекти кои треба да го подобрат животот на граѓаните .
ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата продолжуваат на митинг во Кочани на кој ќе се обрати и лидерот на партијата Никола Груевски.
Пред граѓаните ќе бидат презентирани новите проектите предвидени за Кочани како и кандидатот за градоначалник Ратко Димитровски и советниците.
Викторија Милевска
