Коалицијата предводена од СДСМ вечерва со централен митинг во Гевгелија

26.09.2017 19:51

Дојранчани, Валандовчани и Богданчани вечерва ја слушнаа предизборната програма од коалицијата предводена од Социјал-демократскиот сојуз. Централниот митинг на коалицијата „Живот во Македонија“ вечерва е во Гевгелија.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од Социјал- демократскиот сојуз на Македонија вечерва во Дојран,Валандово и Боданци ја продолжува изборната кампања.

Пред присутните се обратија кандидатите за градоначалници, во Дојран- Анго Ангов, во Валандово- Перо Костадинов, а во Богданци се обрати Блашко Шапов. Ветија подобар живот на граѓаните во овие населени места, подобра инфраструктура, вработувања.

Централниот митинг на коалицијата „Живот во Македонија“ вечерва е во Гевгелија, според предвиденото треба да започне во 20 часот.

Најавено е дека пред граѓаните ќе се обрати лидерот на партијата Зоран Заев, но и кандидатот за градоначалник на Гевгелија, Сашо Поцков, а ќе бидат претставени и кандидатите за советници.

Утре, изборниот карван на Социјал-демократите продолжува во Аеродром и во Кисела Вода.

Андријана Атанасовска