Од киматските промени најмногу ќе настрада житото

27.09.2017 10:08

Од климатските промени кај нас најзагрозени ќе бидат пролетните и житните култури. Експертите препорачуваат штедење на водните резерви кои за 40 години може да се намалат и за 50 проценти.

Прво промена на сортите, а потоа и одгледување на целосно нови култури на нивите, е насоката на експертите за справување со последиците од климатските промени. Тие ги препорачуваат и автохтоните сорти како најадаптирани, кои со селекција може да развијат нови особини отпорни на претстојните промени на временските влијанија.

Експертите сметаат дека со поголемата конкурентност, квалитет и безбедноста на храната, со штедењето на ресурсите и подобрување на условите во селските средини можно е ублажување на последиците од климатските промени и одржување на земјоделството во кондиција.

Од намалувањето на врнежите и резервите со вода што во наредните децении драстично ќе се почувствува најмногу ќе страда земјоделството во централниот дел на Македонија, односно во регионите по течението на реката Вардар. 

 

Методија Трајков