Шекеринска и Димитров на состанок на Северно- атланскиот совет посветен на Македонија

27.09.2017 10:18

Министрите за одбрана и за надворешни работи, попладнево пред амбасадорите на Северно- атланскиот совет на Алијансата ќе го претстават Акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО. Ќе бидат презентирани реализираните цели и активности на Владата во насока на исполнување на поставените критериуми за членство во Алијансата...

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, попладнево пред амбасадорите на Северно-атланскиот совет на Алијансата ќе го претстават Акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО. Ќе бидат презентирани реализираните цели и активности на Владата во насока на исполнување на поставените критериуми за членство во Алијансата.

Како што соопштија од Владата, фокусот ќе биде ставен на реформските процеси што интензивно и навремено се спроведуваат според Планот 3-6-9, на придонесот на Македонија кон зачувување и унапредување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко, како и на идните активности во рамки на проактивната надворешна политика и одбранбените реформи.

Македонските министри ќе имаат средба и со заменик генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, по што ќе следува заедничка прес- конференција.

Во пресрет на состанокот на Северно- атлантскиот совет, Шекеринска вчера во Брисел се сретна со Педро Серано, заменик генерален секретар на Европската служба за надворешна политика, а за денеска се очекува да има средба со директорот на Директоратот за планирање и политика на НАТО Пол Северо.

Министерот за надворешни работи, Димитров во Брисел се сретна со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Разговарано е за спроведувањето на акцискиот план на Владата, за реформите и за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.

Унијата и натаму ќе соработува со Република Македонија за забрзување на итните реформски приоритети и за евроинтеграциите.