Партиите и организациите на Македонците во Албанија бараат ослободување на Едмонд Темелко
Од неговата партија тврдат- вчерашното приведување претставува навреда за сите Македонци во Албанија како дел од оркестрираната асимилација од албанската држава и од бугарската пропаганда.

Партиите и организациите на Македонците во Албанија бараат ослободување на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Тој според партиите на нашинците во Албанија, никогаш не се криел, ниту бил во бегство, туку редовно се пријавувал и во скопскиот Кривичен и во Основниот суд во Ресен.
Од неговата партија тврдат- вчерашното приведување претставува навреда за сите Македонци во Албанија како дел од оркестрираната асимилација од албанската држава и од бугарската пропаганда.
Темелко вчера беше приведен во Скопје за, според кривичната пријава од МВР, изборни нерегуларности.
