Силен земјотрес во Јапонија
27.09.2017 10:52
Јапонската метеоролошка станица соопштила дека потресот е регистриран во 5:22 часот по локално време, на длабочина од 30 километри.

Земјотрес од 6 степени по Рихтер го погоди североисточниот дел на Јапонија. Нема податоци за жртви и повредени. Не е издадено предупредување за цунами. На терен не е регистрирана материјална штета.
Јапонската метеоролошка станица соопштила дека потресот е регистриран во 5:22 часот по локално време, на длабочина од 30 километри.
Според податоците од Американскиот геолошки институт земјотресот бил со јачина од 5.9 степени и бил почувствуван во Токио, околу 570 километри од епицентарот.
