Асанж со поддршка за независноста на Каталонија

27.09.2017 11:24

Каде и да тргне Каталонија, другите ќе ја следат, нагласи Асанж кој го поддржува планот за отцепување од Шпанија.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж им се обрати на стотици демонстранти во Барселона преку видеолинк, порачувајќи им дека другите земји следат дали ќе успеат да го спроведат референдумот за независност.

Каде и да тргне Каталонија, другите ќе ја следат, нагласи Асанж кој го поддржува планот за отцепување од Шпанија.

Референдумот е закажан за први октомври и покрај забраната од Мадрид и судовите кои го сметаат за неусатвен.