Случај „Поткуп“: Рочиштето одложено, снимката ќе биде доказ
Не е прифатено барањето на Зоран Заев да не се користи снимката објавена на „Јутјуб“ за наводниот поткуп. Сепак, рочиштото за овој судски предмет е одложено за 20-ти ноември поради боледување на судијката...

Судот го одби барањето на обвинететиот Зоран Заев за снимката што се емитуваше на „Јутјуб“ да не биде користена како доказ во постапката за примање поткуп за што треба да пресуди надлежната судска инстанца. Судот донесе формално решение со кое видео записот ќе биде користен како материјален доказ.
Обвинетиот истакна дека не му е познато кој ја поставил на Интернет, ниту дека поседува интегрална снимка од настанот.
„Ако го имам ќе го објавам за да се дознае вистината за мене. Само ако се ислуша целата снимка ќе се знае како тоа е монтирано, како тоа е направено грдо да изгледа пред целата јавност, за во најмала рака да го реши судскиот процес, а и да го обели мојот образ“, изјави Заев.
Како градоначалник на Струмица, Заев се товари за барање поткуп од 160 илјади евра од локален бизнисмен. Рочиштето за овој случај беше одложено за 20 ноември поради боледување на судијката која го води предметот.
Анита Димитријевска
